25.03.2020
УНИБанка од 25 ти започнува со предвремена исплата на мартовските пензии


Почитувани пензионери,

Согласно случувањата со пандемијата на Корона вирусот, а со цел да излеземе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, Ве известуваме дека УНИБанка овозможи исплата на пензијата за месец март на трансакциска сметка да биде на 25 ти март (среда) 2020 година.

Во услови на засилени мерки за борба за заштита на здравјето, на 25 ти  март (среда), доколку пензионерите сакаат да ја подигнат својата пензија во готово ќе можат да ја подигнат само на банкомат, додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да го реализирате од 26 ти март (четврток) секој работен ден од 08.00 -10.00  часот во експозитурите на Банката и во овој термин приоритет ќе биде исплатата на пензиите.

Во случај на неопходна посета на експозитура Ве молиме да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во  експозитурата, како и пред влезот.

За да се избегнат блиски контакти, ги повикуваме пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

Со почит,
УНИБанка АД Скопје