Станбен кредит

Износ на кредитот

До 100.000 еур денарски кредит со девизна клаузула, во висина на купопродажната цена согласно преддоговор за купопродажба, односно до 75% од вредноста на понуденото обезбедување.

Дополнително по доставено барање:

  • потрошувачки кредит во висина до 10.000 еур за доуредување на домот,
  • лимит на кредитна картичка до 100.000 мкд,
  • дозволено пречекорување до 100.000 мкд,
  • бесплатно СМС известување и мобилно банкарство.
Намена на кредитот
  • Купување на стан/куќа,
    Доградба/надградба на станбен простор во согласност со доставен проект и дозвола за градба,
  • Рефинансирање на станбен кредит во друга банка.
Kаматна стапка

При одобрувањето, висината на каматната стапка е определена од редовните месечни приливи (плати, закупнини) по сметката за плаќање на клиентот во Банката, не пониски од 10.000,00 мкд

Клиенти со редовни месечни приливи (плати, закупнини) во Банката, не пониски од 10.000,00 мкд

  • 4,50% фиксна за првите десет години
  • 6,50% променлива за останат период

    Променлива к.с - едномесечна стапка за ЕУРИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2018-31.12.2018 = -0,37%) + 6,87 п.п., но не пониска од 6,50%.

Други клиенти

  • 5,90% фиксна за првите десет години
  • 7,90% променлива за останат период

    Променлива к.с - едномесечна стапка за ЕУРИБОР - просечна за периодот помеѓу две последователни утврдувања на каматните стапки (за период од 01.07.2018-31.12.2018 = -0,37%) + 8,27 п.п., но не пониска од 6,50%.
Рок на враќање

До 300 месеци со можност за вклучен грејс период до 12 месеци

Трошоци
  • Без провизија за одобрување
  • Без трошоци за  разгледување на кредитното барање
Провизија за предвремено враќање
  • 0% провизија за предвремена отплата од сопствени средства
  • 5% при рефинансирање на кредит од друга банка
Обезбедување

Хипотека на недвижен имот

Критериуми

Клиенти со возраст од минимум 18 години до максимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот.
Дополнителни приходи кои можат да се документираат се земаат во предвид при оценка на кредитоспособноста на клиентите по оценка на Банката.

Документи

1. Документи за финансиска кредитоспособност на клиентите

  • Барање за кредит;
  • Изјава за поврзани субјекти за кредитобарател и ко-кредитобарател/и;
  • Лична карта на кредитобарателот/ко-кредитобарателот;
  • Потврда за вработување и лични примања / Изјава-Согласност за ставање на административна забрана и Административна забранa на кредитобарател и ко-кредитобарател/и (по два примероци за секој кредитобарател);
  • извод од трансакциска сметка со евидентирани приливи од плата за последни 3 месеци (за клиенти вработени во приватен сектор без плата во УНИБанка);
  • Договор за работен однос односно М1/М2, само за клиенти вработени во приватни фирми (доколку е потребно);
  • Други документи за докажување на приход
  • Договори за други кредитни односи

2. Документи за имотот

  • Лична карта од сопствениците на имотот
  • Документ за сопственост на имотот кој се става по хипотека (Имотен лист)
  • Документ за семејната состојба на сопствениците на имотот, предложен за обезбедување (извод од матична книга на венчани или извод од матична книга на родените). 
    * Не е задолжително при поднесување на барањето но клиентот мора да го има за пред нотар
  • Дополнителни документи по барање на банката.
 

Калкулатор за кредити
Износ на кредитот
Годишна каматна стапка %
Број на рати
Месечна рата
*Калкулаторот е информативен.
За точна пресметка ве молиме обратете се во најблиската експозитура