Дебитни картички

Дебитни картички

Дебитните бесконтактни картички на УНИБанка се поврзани со трансакциска сметка и овозможуваат плаќање во трговија и на интернет  како и подигнување на готовина. Дебитните картички може да се користат за интернет плаќања кај сите трговци кои ги прифаќаат овие картички и е назначено соодветното лого.

УНИБанка Ви дава можност за издавање дополнителни картички на една сметка на блиски или членови на семејството по Ваше ополномоштување. Овие картички се особено поволни за Вашите деца – ученици и студенти.

Доколку се склучи посебен договор со Банката за кредит за дозволено пречекорување, Вашата дебитна картичка може да стане кредитна!

Бесконтактна дебитна картичка  Mastercard Debit, Mastercard картичка за млади или VISA картичка може да Ви биде издадена во било која експозитура на УНИБанка.

Ние го цениме времето и парите на нашите клиенти.

Mastercard картичка за млади наменета за тинејџери и млади на возраст од 18 до 25 години;

Уни Банка Ви нуди издавање на картичката со бесплатен пакет на услуги во промотивен период:
Бесплатна Mastercard® картичка за млади заедно со бесплатна бесконтактна стикер картичка со која може да плаќате насекаде, како и дополнителен пакет на услуги:

  • Бесплатно електронско и мобилно банкарство
  • Бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката
  • Без провизија за подигање готовина на банкоматите на Уни Банка
  • Без месечен надомест за одржување на трансакциска сметка за првите шест месеци од отпочнување на промотивниот период

 Искористете ја поволноста!  

*Потребните документи за издавање и општите услови се исти како и за останатите дебитни продукти.

Вашата дебитна картичка во намален облик!
Залепете ја стикер картичката на вашиот мобилен телефон, доближете и платете!                             

Бесконтактната стикер картичка е наменета за сите корисници на дебитни картички.

Зошто ми е потребна оваа стикер картичка?

  • Нов начин да платите со картичка, побезбеден од готовина
  • Безготовинско плаќање во земјата и странство без провизија и надомест
  • Брзо бесконтактно плаќање
  • Плаќање без внесување на ПИН за износи до 750 мкд
  • Идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот  

     Искористете ја поволноста!