Технички и безбедносни аспекти

Трговецот има обврска на својата Интернет продавница да креира интерфејс, кој одкако купувачот е конектиран на интернет продажното место, да го води низ процесот на разгледување и нарачување на производи/услуги. Во моментов на плаќање купувачот се редиректира т.е се пренасочува на заштитена страна на Процесинг центарот, на која се внесуваат податоци за платежната картичка (број на картичка, дата на важење на картичката, cvv). Од како ќе завраши обработката на трансакцијата, се пренасочува повторно во Интернет продажното место, односно на страната на Трговецот. На тој начин Трговецот нема дополнителна одговорност за чување на доверливи податоци за платежната картичка, која од една страна го заштитува од можна злоупотреба на картичката, која може да настане во моментот на компромитирање на овие доверливи податоци.

Самата имплементација на е-commerce услугата на Интернет продажното место, е многу едноставна работа. Од страна на Банката се обезбедени сите консултански услуги кои се потребни во текот на имплементацијата на услугата.

За е-commerce услугата, УНИБанка има имплементација на 3D Secure технологија, која подразбира дополнителни методи на аутентификација (МasterCard Secure code, Verified by Visa) на имателите на платежните картички. Со имплементацијата на 3D Secure технологијата се штити и Трговецот во процесот на купување од евентуалната можна злоупотреба на платежните картички што се поминуваат преку неговото Интернет продажно место.
Освен наведеното, имплементирана е и друга безбедносна мерки, 128Bit SSL која е потребна во комуникацијата помеѓу Купувачот и Процесинг Центарот.