Сметки

СМЕТКИ

Со отварањето на тековна сметка во УНИБанка, покрај услугата платен промет, обезбедивме широка лепеза на банкарски продукти и услуги.

Вашите пари овде вредат повеќе.
Нашиот професионален тим ќе Ви пружи низа конкретни совети и услуги. Доверете ни ја грижата за Вашата трансакциона сметка. 

Отварање сметки

Апликација за регистрирање на клиенти - физички лица

Транскациска тековна сметка можат да отворат сите физички лица државјани на Република Македонија, како и физички лица странски државјани кои согласно законската регулатива во Република Македонија имаат третман на резидент.

За отворање сметки (денарска и девизна) на физички лица - резиденти потребни се следниве документи:

  • Фотокопија од лична карта; 
  • Барање за отворање сметка (образец на Банката); 
  • Спесимен на потписи (образец на Банката); 
  • Договор за водење сметка (образец на Банката).

* Сопственикот на трансакциска тековна сметка може да даде овластување на друго лице кое ќе располага со средствата од неговата сметка. 

За отворање сметки на физички лица - нерезиденти потребни се следниве документи:

  • Фотокопија од пасош;
  • Дозвола за престој– доколку физичкото лице има регулиран престој во РМ;
  • Барање за отворање сметка (образец на Банката);
  • Спесимен на потписи (образец на Банката).

Терифа на надоместоци и провизии