MoneyGram

Меѓународен трансфер на пари

MoneyGram е брз, сигурен, современ и поефтин начин за испраќање или примање пари за само неколку минути низ целиот свет.
Широката мрежа на квалификувани агенти, поврзани во компјутерска мрежа, ќе ги пренесат Вашите пари без ризик и ќе ја гарантираат нивната обработка без доцнење.

Илјадници луѓе од целиот свет го користат MoneyGram.
Довербата се должи на исклучително голема сигурност и пренос во целост брзо и безбедно.

MоneyGram се користи во повеќе од 170 земји во светот.
Со MоneyGram Вашите пари се пренесуваат веднаш и директно пристигнуваат до крајниот примач за не повеќе од 10 минути.
Во други случаи и користејќи други начини потребни се денови и недели.
Со MоneyGram нема сложени процедури, не Ви се потребни банкарски сметки или кредитни картички.
Испратените пари ги примате веднаш.


Земји во кои може да ги користите услугите на MoneyGram.

Австралија, Австрја, Албанија, Андора, Аргентина, Бангладеш, Бахами,Бахреин, Барбадос, Белорусија, Белгија, Бенин,
Боливија, Босна, Ботцвана, Бразил, Бугарија, Венецуела, Виетнам, Гана, Германија,Гибралтар,
Гренада, Грузија, Грција, Данска, Доминиканска Република, Египет, Еквадор, Естонија, Етиопија, Замбија, Зимбабве,
Израел, Индија, Индонезија, Ирска, Исланд, Италија, Јамајка, Јемен, Јордан, ЈАР, Казахстан, Кајмански острови,
Камбоџа, Канада, Кенија, Кипар, Кина, Колумбија, Костарика, Кувајт, Латвија, Либан, Макао, Македонија,
Малта, Мароко, Мексико, Молдавија, Монако, намибија, нигерија, Никарагва, Нов Зеланд, Норвешка,
ОАЕ, Оман, Пакистан, Панама, Парагвај, Перу, Полска, Португалија, Романија, Русија, Салвадор,
Саудиска Арабија, САД, Сенегал, Сингапур, Тајван, Тајланд, Танзанија, Тунис, Турција, Уганда,
Украина, Унгарија, Уругвај, филипини, Финска, Франција, Хаити, Холандија, Хондурас, Хонг Конг,
Хрватска, Република Чешка, Чиле, Швајцарија, Шведска, Шпанија, Шри Ланка, Џибути и други.


Бесплатна порака

Со секој пренос на пари може да испратите порака од 10 зборови без дополнително плаќање.

Лесно за испраќање! Лесно за примање!


Едноставно проследете ги следните чекори:

За да испратите пари

Понесете со Вас документ за идентификација(лична карта или пасош) и внесете ги податоците во апликацијата која е едноставна и лесна за пополнување.
Уплатете го износот кој сакате да го испратите, плус провизија за MoneyGram услугата. Потоа ќе Ви биде даден референтен број за пренос на MoneyGram.
Известете го лицето на кое му ги испраќате парите и соопштете му го референтниот број.

За да примите пари 


Уверете се дека испраќачот Ви го соопштил референтниот број на MoneyGram. Појдете до било кој MoneyGram агент (испраќачот може да Ве извести за најблискиот агент).
Парите ќе Ви бидат дадени веднаш, преку нашата мрежа на експозитури.

Кога да ги користите услугите на MoneyGram.

Кога сте на работа во странство и треба да испратите пари на Вашето семејство. Кога треба да испратите пари на Ваш пријател, роднина или колега во друг град или друга земја.
При итни случаи, кога патувате, при загубен или украден паричник или кога Ви се потребни пари за да се вратите дома и др. Кога синот или ќерката останале без пари,
додека се на одмор или на едукација во странство и итно им се потребни пари. MоneyGram е за секој, кој треба да испрати или прими пари брзо и без никаков ризик.
Услугата на MоneyGram е ислкучително брза, современа, сигурна и поефтина за испраќање или примање на пари за 10 минути низ цел свет.