Историја

Историја

  • Банката е основана на 30.04.1993 година како една меѓу првите банки по осамостојувањето на РМ под името Балканска банка а.д. Скопје.
  • Согласно со регистрацијата, Банката ги вршеше сите банкарски активности за една универзална банкарска институција.
  • Во јули 2003 година е извршена сопственичка трансформација на акционерскиот капитал на Банката.
  • Реализирана е нова емисија на акции во вкупен износ од 2,0 милиони ЕУР.
  • Сопственичката трансформација и реализацијата на новата емисија на акции предизвикаа промена во структурата на акционерскиот капитал на Банката од 78,8%.
  • Почнувајќи од септември 2003 година интензивирани се активностите за унапредување на работењето на банката во сите домени согласно со новата стратегија.
  • Новото име на Банката е Универзална Инвестициона банка а.д. Скопје или УНИБанка.
  • Банката има дозвола за вршење на сите банкарски активности согласно Законот за банки.
  • Во август 2007 година банката го усогласи статутот и своето работење согласно новиот Закон за банки. (Сл.весник 67/2007)