Лични податоци

Права на субјектот на лични податоци

Субјектот на лични податоци има право од УНИБанка, А.Д. Скопје да бара увид и исправка на личните податоци што УНИБанка, А.Д. Скопје ги обработува.

Субјектот на лични податоци на негово барање може да добие инфромација за тоа:

  • дали се обработуваат личните податоци за субјектот подносител на барањето;
  • кои лични податоци се обработуваат;
  • за кои цели и кој е правниот основ;
  • корисниците или категориите корисници;
  • изворите на личните податоци и кога истите се прибрани и ажурирани;

УНИБанка, А.Д. Скопје ќе одговори на барањето за добивање на податоци во рок од 15 дена од приемот на барањето, а ако веќе одговорила на вакво или слично барање, нема обврска повторно да одговори ако во меѓувреме не се настанати промени во личните податоци на подносителот на барањето, освен во случаите кога се изминати повеќе од 6 (шест) месеци од денот на увидот до барањето за повторен увид.

Барањата на клиентите доставени до УНИБанка, А.Д. Скопје се евидентираат и управуваат од страна на лице задолжено за заштита на личните податоци.

БАРАЊЕ ЗА УВИД И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ