УСЛУГИ КОИ УНИБАНКА ГИ НУДИ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ НА КАРТИЧКИТЕ

УНИБанка на своите клиенти им издава чип пластична картичка во која е вграден интегриран чип, односно микро-процесор со меморија и електронски кола. Оваа картичка овозможува зголемена функционалност, идентификација, автентикација и сигурност, чување на информации и програми и изведување на логички операции.
Со цел да придонесе за поголема сигурност при користење на картичките, УНИБанка на своите клиенти ги нуди следниве услуги:

 

ПРОМЕНА НА ПИН НА БАНКОМАТИ НА УНИБАНКА

Оваа услуга Ви овозможува да го смените ПИН-от на своите картички по сопствена желба, неограничен број пати, без обврска да дојдете во Банка или да поднесувате документи. Комбинацијата од бројки ја правите самите Вие.

Зошто да го промените ПИН-от?

  • Доколку сметате дека некој можеби го видел Вашиот ПИН;
  • Доколку се сомневате во трговецот или сакате да ја намалите можноста за злоупотреба;
  • Доколку сакате да имате ПИН кој Вие самите ќе го одредите.

При промена на ПИН препорачливо е да ги применувате следните препораки за безбедност:

  • Никогаш не користете комбинација на броеви поврзани со Вашите лични податоци, како на пример датум на раѓање, број на телефон и сл.;
  • Менувајте го ПИН-от на одреден временски период, на пример на секои 3 или 6 месеци, како и при сомневање за откривање или злоупотреба на ПИН-от;


УНИСМС

УНИБанка нуди услуга со која сите корисници на кредитни и дебитни картички имаат можност за добивање на навремена информација за авторизации направени со картичките во земјата и странство, непосредно по реализираната трансакција, преку смс известувања. Користењето на оваа услуга ќе Ви овозможи:

  • Утврдување на потенцијална злоупотреба, навремена реакција и безбедносни мерки;
  • Намалување на можноста за повеќекратно задолжување за ист производ/услуга;
  • Известување и потврдување на успешно/неуспешно реализирана трансакција;
  • Сигурност и високо ниво на заштита од евентуални злоупотреби и измами;
  • Можност за контрола на вашите трансакции;
  • Следење на трансакциите, независно дали сте во земјата или во странство;


Е-МЕЈЛ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗВРШЕНИ ТРАНСАКЦИИ

Со „Е-мејл известување за извршени трансакции услугата корисниците на картички издадени од УНИБанка имаат можност да добиваат известување преку е-мејл за секоја упешно прокнижена трансакција при пазарување и при подигнување на готовина, како во земјата така и во странство. Користењето на оваа услуга Ви овозможува:  

  • Сигурност – со следење на користењето на картичката, корисникот се заштитува од евентуални измами и злоупотреби;
  • Спокојство – навремено сигнализирање и реакција доколку се утврди неовластено користење на картичката;
  • Ажурно информирање – корисниците на картичката добиваат информација секој работен ден, независно дали се во земјава или во странство;
  • Контрола – за секоја успешно прокнижена трансакција корисникот добива детална информација, датум, час, вид на трансакција – подигање готовина или плаќање, банкомат и ПОС терминал на кој е извршена трансакцијата, валута во која е извршена трансакцијата.