БЕСКОНТАКТНИ MasterCard КАРТИЧКИ

Бесконтактната технологија е најнова технологија која Ви дозволува да плаќате едноставно, брзо и сигурно, без внесување на ПИН за ниски износи (најчесто до 750 ден.), на сите продажни места во земјата или странство, каде на ПОС терминалот има ознака за бесконтактно плаќање.


КАКО СЕ ИЗВРШУВА БЕСКОНТАКТНО ПЛАЌАЊЕ?

 

Побарајте ја ознаката за бесконтактно плаќање - Потребно е картичката и терминалот да ја имаат ознаката за бесконтактно плаќање.

Доближете ја Вашата бесконтактна картичка до ПОС терминалот на растојание помало од 5 mm, или едноставно допрете ја на терминалот. За бесконтактни плаќања со износ до 750 ден нема да Ви биде побаран ПИН (овој износ може да варира). За плаќања над овие износи ќе Ви биде побаран ПИН.

Почекајте го звучниот сигнал или зеленото светло на ПОС терминалот кои означуваат дека трансакцијата е процесирана.

На терминалот ќе добиете порака “ОДОБРЕНО” доколку трансакцијата е успешна.


СИГУРНОСТА Е ПРИОРИТЕТ

Безбедност - Бесконтактните картички користат EMV чип технологија која обезбедува заштита на податоците и безбедност на трансакцијата. За време на плаќањето картичката е во Вашите раце, при што никој не може да ги види, ископира или слика Вашите податоци.

Не постои можност за двојно задолжување
- Доколку ја доближите картичката повеќе пати до ПОС терминалот, плаќањето ќе се изврши само еднаш.

Со минување покрај терминал за бесконтактно плаќање нема да се изврши трансакција - За да се изврши трансакција, продавачот треба да го иницира плаќањето и картичката да биде на оддалеченост помало од 5 mm.

Во случај на две или повеќе бесконтактни картички една до друга, трансакцијата ќе се случи само еднаш со една од картичките или нема да се реализира трансакција.

Во случај на изгубена/украдена картичка - Потребно е веднаш да ја блокирате со јавување во дежурниот центар 24/7 на 02/3293-888.