КВАЛИФИКУВАН ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС

Што е квалификуван електронски потпис (КЕП)?

Квалификуван електронски потпис (КЕП) е средство електронска идентификација на физичко лице или компанија.

Со електронски потпис можете да потпишувате електронски документ кои ја има истата сила и валидност како рачен потпис на хартија.


Како да се регистрирам со квалификуван електронски потпис?

За да потпишувате трансакции со Квалификуван електронски потпис, потребно е да поседувате сертификат од лиценцирани издавачи на територијата на Р. Македонија издаден на PKI токен и да направите инсталација и приспособување на Вашиот персонален компјутер за работа со соодветниот сертификат и соодветниот пребарувач.


Кои квалификувани електронски потписи ги прифаќа УНИБанка?

УНИБанка прифаќа електронски потписи на сите лиценцирани издавачи на територијата на Р. Македонија - "КИБС" АД Скопје и "Македонски Телеком" АД Скопје.


За Ваша удобност, во експозитурите на УНИБанка можете да купите Квалификуван електронски потпис (КЕП), издаден од "КИБС" АД Скопје.