Известување за појава на лажни интернет трговци

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека во последните неколку денови забележана е појава на сѐ поголем број на спонзорирани објави на Facebook од страна на лажни интернет трговци кои се декларираат како застапници Wizz Air и имаат за цел собирање на податоци од Вашите платежни картички и нивна натамошна злоупотреба.

Доколку сте ги споделиле податоците од Вашата платежна картичка на лажна интернет продавница, Ве молиме веднаш да побарате нејзина блокада со јавување во нашиот контакт центар на 02/3293 888, 24/7.

Ве  молиме, при користење на интернет продавници да ги имате предвид следните препораки за безбедно плаќање на интернет http://unibank.mk/categories/view/636