Со Мобилната апликација My Unibank брзо, лесно и сигурно користење на банкарските услуги


Најнов тренд во развојот на електронското банкарство е мобилното банкарство (mobile banking). Тоа овозможува едноставно и практично користење на банкарските услуги во секое време и од секое место. Со мобилната апликацијата My Unibank, клиентите можат брзо, лесно и сигурно да ги проверат состојбите на банкарските сметки и депозити, да вршат  плаќања во реално време со еден клик на својот мобилен телефон.

Во исто време, клиентите на банката имаат пристап и информации за салдата на кредитните и дебитните картички и можат многу лесно да ја пронајдат најблиската експозитура или банкомат.


Плаќајте во земјата и во странство

Со мобилната апликација My Unibank, клиентите на УНИБанка добиваат целосна и детална состојба за нивните сметки. Истата им овозможува да ја проверат достапноста, износите на примените и платените налози, како и временските рокови за закажаните плаќања.

Сите трансакции се достапни за плаќања во земјата и во странство, а за најчестите плаќања може да се користат шаблони за поголема брзина и удобство на плаќањето.


Информирани во секој миг

Преку апликацијата може лесно да се дознае акумулираната до моментот камата на депозитите, да го прикаже датумот на достасување на депозитот и да помогне во управувањето со кредитните услуги. Покрај личните информации, My Unibank нуди и дел “Вести”, каде што на едно место се собрани сите најнови информации за продуктите и тековните промоции на банката.


Сигурноста пред сè

Главната обврска на банката - да ги заштитува информациите и средствата на своите клиенти, останува на прво место и во мобилното банкарство. My Unibank нуди различни опции за избор на лимити на трансакциите и приспособувања за безбедност, како што се должината на сесијата, политика на потврдување и друго.


Што представува UNI Token?

UNI Token е софтверска апликација на УНИБанка која се инсталира и користи преку мобилен уред, а служи за идентификација на корисникот и потврда на плаќањата иницирани преку електронското банкарство Е-UNIBanka, како и преку мобилната апликација My UNIBank.

За да можете да потпишувате трансакции со UNI Token, потребно е да ја инсталирате апликацијата на Вашиот мобилен уред, да го скенирате QR кодот кој ќе го добиете во експозитурите на УНИБанка и да ја поминете постапката на регистрација на UNI Token согласно упатствата на банката. По извршената инсталација и регистрација на UNI Token, за понатамошното користење на апликацијата не е потребно мобилниот уред да биде поврзан на Интернет.


Безбедни мобилни операции

Со UNI Token можете безбедно да ги користите услугите кои УНИБанка ги нуди преку електронското банкарство Е-UNIBanka. Софтверот дава можност да потпишувате трансакции без никакво ограничување од типот на уредот кој го користите за електронско банкарство (компјутер, таблет или телефон). За поголема сигурност UNI Token предоставува еднократна лозинка во комбинација со лозинката за влез во апликацијата и ПИН кодот, како што на тој начин го зголемува нивото на сигурност на секоја трансакција.

Мобилното банкарство е се повеќе вообичаен метод за следење и управување со паричните средства. Сè повеќе клиенти се одлучуваат за банкарски трансакции без да посетуваат филијали и иницираат брзо, лесно и сигурно плаќање со само неколку кликови на нивниот мобилен телефон.


„Брзо, лесно и сигурно како 1,2,3…”

Секојдневно, тимот на УНИБанка се стреми да ги следи преференциите на своите клиенти и да ги задоволи нивните потреби, обезбедувајќи најголема сигурност и практичност. Во својата нова кампања посветена на мобилните апликации My Unibank и UNI Token, УНИБанка не користи рекламно лице, туку нејзин долгогодишен вработен, персонифицирајќи ги силните страни на целиот тим на финансиската институција. Со мобилните апликации и кампањата „Брзо, лесно и сигурно како 1,2,3…“, УНИБанка ја претставува Соња Филиповска, заменик-директор на експозитура Гостивар. Таа работи во филијалата од своето основање во 2004 година и е добро запознаена со најновите трендови во современите и сигурни банкарски услуги и продукти.