Станете дел од тимот на УНИБанка

Администратор за системски софтвер
во 
Дирекција Информатичка технологија


Образование:

  • VII - 1 степен стручна подготовка - Диплома од универзитетско образование од компјутерски и телекомуникациски технологии.

Опис на работно место и одговорности:

  • Инсталирање, конфигурирање и администрирање на, Microsoft Windows 7 Professional, Microsoft Windows 10 Professional;
  • Конфигурирање и одржување на Microsoft Windows Server 2008, 2012 околина;
  • Имплементирање мрежна инфрастуктура и мрежни сервиси на Microsoft Windows Server, 2008, 2012 околина;
  • Импрементирање на Microsoft Internet Security и Acceleration Server;
  • Администрирање Active Directory Technology на Microsoft Windows 2008, 2012;
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина VMWARE.

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови; 
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Поседување на возачка дозвола од Б категорија без старател;
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување;
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност;
  • Претходно работно искуство како систем администратор ќе биде земено како предност.
  • Познавање и работа со Linux околина, не е задолжително, но ќе биде земено како предност.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на jobs@unibank.com.mk, или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје,  најдоцна до 11.10.2019 година.

Знаењето на кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде проверено и потврдено преку писмено и усно тестирање.