Совети за превенција поврзани сo Корона вирусот

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека, согласно препораките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија поврзани со појавата на Ковид-19  (Kорона вирус), УНИБанка воведе мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите на Банката.
Апелираме како општествено одговорна компанија доследно да се следат препораките на Министерството за здравство и Владата бидејќи здравјето на сите нас е заедничка одговорност.

Наши препораки


За Експозитури

Мрежата на експозитури на УНИБанка е со полно работно време, но во интерес на здравјето на сите Ви препорачуваме да избегнувате гужва, ракување и долго седење во затворени простории.

Во секоја експозитура  на УНИБанка поставени се средства за дезинфекција. Доколку имате неодложна потреба за посета на некоја од експозитурите, Ве молиме да ги користите средствата за дезинфекција.

Дополнително, доколку Ви треба консултација со вработен во некоја од експозитурите, на следниот линк Ви се достапни телефонските броеви и мејл адресите на експозитурите

Мрежа на експозитури во Скопје
http://www.unibank.mk/categories/view/296

Мрежа на експозитури низ Македонија
http://www.unibank.mk/categories/view/297


Услуги

Користете Мобилно и Електронско Банкарство .
Мобилните апликации My Unibank и UNI Token се достапни за бесплатно превземање од каталогот за апликации поддржан од соодветниот оперативен систем - Google Play и AppStore.
http://www.unibank.mk/categories/view/507 

Плаќајте со Вашата бесконтактната Mastercard и Visa картички или со бесконтактен стикер од УНИБанка, брзо и безконтактно само со доближување на картичката или стикерот на ПОС терминалот.  На тоj начин избегнувајте директен контакт со банкноти.
http://www.unibank.mk/categories/view/261

Подигање готовина од мрежата банкомати на УНИБанка
http://www.unibank.mk/atms

Аплицирајте за сите кредитни продукти за физички лица без чекање во ред, преку мобилното банкарство на УНИБанка/ My Unibank  и online на следниот линк:   
https://e-unibanka.mk/online/

УНИБанка е достапна за своите клиенти во секое време за сите прашања, консултации и потреби на телефонскитe бројве +389 2 3286 100; +389 2 3111 111 

E-маил: : info@unibank.com.mk, како и на социjалните мрежи на Банката.